Политички консултации меѓу делегации од македонското и швајцарското МНР
Заменик државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, Кристина Марти Ланг присуствуваше во дводневна работна посета на Македонија.
Во рамки на посетата, како што информираат од МНР, биле одржани политички консултации меѓу делегации од македонското и швајцарското Министерство за надворешни работи, предводени од државниот секретар Виктор Димовски и заменик државниот секретар Кристина Марти Ланг.
Било разговарано за развојот на билатералните политички односи и на економската соработка, Швајцарската развојна програма во Македонија, ЕУ и НАТО перспективите на Македонија, односите со соседните земји, односите Швајцарија-ЕУ, како и соработката меѓу двете земји на мултилатерален план.
Државниот секретар Димовски и заменик државниот секретар Марти Ланг ја реафирмирал подготвеноста на Македонија и Швајцарија за натамошно унапредување на политичките односи меѓу двете земји и за поттикнување на економската соработка. Димовски, исто така, упатил благодарност до швајцарската Влада за нејзината долгорочна помош за Македонија со која се поддржува развојот на земјата во повеќе сфери.
Од МНР информираат дека заменик државниот секретар Марти Ланг била примена и од министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Ново на Сител
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот