Балкан
7. December 2015 - 9:28

Полицијата уапси дилер - Дрогата ја сокрил во торта!

 
 
38-годишниот Александар Г. од Прокупје се сомничи дека дилал дрога и тоа во торта! Како што дознава српскиот Курир, Србинот дрогата ја криел во торта, а полицијата која претходно имала сознанија дека тој ќе разнесува дрога, започнала да го следи и почнала истрага. 
 
Тие го нашле Александар во неговиот Шевролет и во багажникот, верувале или не, нашле торта во која биле сокриени 200 грама хероин. 
 
Со оглед на тоа дека дилерите се снаоѓаат како знаат и умеат, ова не ја чудело полицијата.