-->
-->
Полицијата се уште истражува кој украде турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино”
-->
Полицијата се уште бара кој украде турбинско масло во кругот на ТЕЦ ,,Неготино”, истрагата е во тек. Ова денеска го потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
- Засега нема конкретни информации што би можеле да се споделат со јавноста, се работи на случајот, рече Самарџиев. МИА претходно, во месец јули, информираше дека во полиција била пријавена кражба на турбинско масло, во кругот на ТЕЦ „Неготино”.
- На ден 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3500 литри турбинско масло, рекоа тогаш од СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива