Полицијата прави претрес во домот на словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек
Словенечките истражни органи со цел да соберат докази околу сомнежите за корупција при набавката на респиратори и медицинска опрема прават претреси на 11 локации, меѓу кои и во домот на министерот за економија Здравко Почивалшек, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Според Телевизија Словенија (РТВ), ова претставува своевидна кулминација на двомесечната истрага која почна по емитувањето на емисијата „Тарча“ на државната телевизија, каде беа објавени документи и снимени телефонски разговори за наводен системски криминал при осуммилионската набавка на медицинска опрема.
РТВ објави дека криминалистите правеле претрес и во седиштето на компанијата „Генепланет“, преку која се направи набавката на опремата.
Инаку, овој случај беше повод за антивладините протести кои секој петок се одржуваат во Љубљана и другите поголеми градови.
Почувалшек ја „преживеа“ и интерпелацијата во Собранието, што му ја поднесоа сите опозициски парламентарни партии.
Ново на Сител
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје