Македонија
15. February 2021 - 11:02

Полицијата одзела нерегистрирано „рено 4“ управувано од 17-годишник

Полициски службеници на СВР Тетово одзеле „рено 4“ управуван од 17-годишно лице бидејќи возилото не било регистрирано повеќе од 6 месеци.

На 14.02.2021 околу 22.25 часот во с.Теново, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово времено одзеле патничко моторно возило „рено 4“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувало 17-годишно лице од ова село, бидејќи возилото не било регистрирано повеќе од 6 месеци.

Против сопственикот на возилото ќе биде изготвен соодветен поднесок.