-->
-->
Полицајци, мобилизирани поради имигранската криза, протестираат во Љубљана
-->
Над илјада полицајци протестираа синоќа во Љубљана. Тие се мобилизирани неколку седмици поради имигрантската криза, и бараат зголемување на платите и подобри услови за работа, јави БТА.
Демонстраните се собраа пред Парламентот во центарот на Љубљана со повици: „Крадци, крадци!“
Двата главни синдиката на полицијата во земјата со два милиона жители, се одлучија на овој протест по неколку седмици безуспешни преговори за зголемување на платите.
Премиерот левоцентрист Миро Церар го нарече протестот „скандалозен“ во момент кога земјата треба да се справи со преминувањето преку нејзина територија на илјадници имигранти на пат за Западна Европа.
Над 300.000 имигранти преминаа преку Словенија од средината на октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование
-
Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија
-
Повторно отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во струмичко
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата
-
Преглед на вести од светот