Покренато обвинение против скопјанец кој во домот чувал марихуана
Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинителен акт против 30-годишен скопјанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
– Обвинетиот на 7 август во домот во кој престојувал на улицата „Киро Крстевски-Платник“ чувал марихуана во две полиетиленски кесички со вкупна нето маса од 52,48 грама, зипер кесичка со искршени и соголени гранчиња од растението канабис во нето маса од 9,34 грама, 13 семки канабис и четири парчиња од искршена таблета со активна компонента „бупренорфин“. При претресот во домот е одземена и една дигитална вага со остатоци од марихуана, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител бара на осомничениот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор бидејќи постојат околности кои укажуваат дека има реална опасност тој да побегне или да го повтори кривичното дело.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции