Погледнете како изгледаше „крвавата“ Супермесечина
Човештвото преживеа уште една најавена апокалипса. Имено, синоќа се случија два исклучително ретки феномени, Супермесечина и крвава месечина. Како и обично, некои тврдеа дека дошол крајот на светот, во некои земји дојде до хистерија, но како и во претходните случаи на „апокалипси“ ништо значајно не се случи.
Месечината беше најсветла оваа година. Таа се најде на точка најблиску до Земјата и затоа изгледаше и до 14 отсто поголема од нормално.
Истовремено визуелно се зголеми нејзиниот сјај, а потоа следеше целосно помрачување. Само еден час по најсветлиот момент, сенката Земјата целосно ја покри, а таа како резултат на специфично прекршување на сончевата свелина стана црвена. Ова воедно е четврта, последна во низата месечеви затемнувања започнати во април 2014 година, познати како „крвава месечина“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест