Подољак: Украина е подготвена за мировни преговори, но само врз основа на меѓународното право
Тој посочи дека е неопходно да се принуди Русија да започне „вистински преговори“, рече Подољак, пренесува Униан.
„Руската пропаганда троши многу пари за да создаде впечаток дека има војна, ние сме подготвени за преговори, но Украина не. Преговорите секако се неопходни, но важно е да се види под кои услови и врз која основа ќе се одвиваат преговорите. А главната работа на овој концепт (на меѓународното право) е територијалниот интегритет и субјективност, суверенитетот на државата“, наведува Подољак.
Тој истакна дека преговорите ќе бидат плодни само доколку „профункционираат механизмите за принудување на Русија на мир“.
„Треба да има многу повеќе испораки на оружје за Украина, особено сите ограничувања, неформални или формални, за удари врз воената инфраструктура, каде и да се наоѓаат во Русија, мора да бидат укинати. Исто така, неопходно е економските санкции да функционираат многу подобро отколку денес“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец