Loading Video...
Спорт плус
16. July 2022 - 15:06

Поделени првите медали на СП во атлетика

Над 1.900 натпреварувачи од 190 земји настапуваат на атлетскиот Мундијал во Орегон. На првиот натпреварувачки ден беа поделени три сета на медали 
 
Кимберли Гарсија победи на женската трка на 20 километри брзо одење. 28-годишната Перуанка испиша историја за својата земја на која и го донее првиот медал ос СП и тоа златен, со нов национален рекорд. Сребрениот медал и припадна на Катаржина Зџиебло од Полска, а како трета заврши  Олимписката шампионка од 2012 година, Киејанг Шиџие од Кина.
 
Во истата дисциплина се натпреваруваа и мажите. Актуелниот првак од Доха перд три години, Јапонецот, Тошиказу Јаманиши ја одбрани титулата, откако во последниот круг имаше неверојатен финиш и успеа да го мине Коки Икеда. Со тоа Јаманиши стана само третиот атлетичар во историјата на оваа дисциплина кој успеа да ја одбрани титулата. Бронзениот медал му припадна на Швеѓанецот, Персеус Карлстром. 
 
Доминиканската Република ја освои титулата во мешана штафетна трка 4x400 метри. Доминиканците со второто најбрзо време во историјата, од 3 минути и 9 секунди и 82 стотинка, стигнаа до златниот медал, оставајќи ги зад себе Холанѓаните кои заостанаа само 8.стотинки, додека фаворизираните домашни атлетичари, Американците на крајот мораа да се задоволат со бронзениот медал.
 
Потсетување дека на атлетскиот Мундијал, Македонија ќе биде претставувана само од маратонката Адријана Поп Арсова, која ќе настапи во среда,