Почнуваат преговорите за Брегзит
Речиси една година по референдумот во Велика Британија за излез од Европската унија, денеска Брисел и Лондон ги почнуваат преговорите за истапување на земјата од Унијата.
Дејвид Дејвис, британски државен секретар за Брегзит и Мишел Барние, главен преговарач на Европската комисија се договорија за покренување на преговорите согласно Членот 50 од Лисабонската спогодба на ЕУ на 19 јуни, соопшти минатата недела британската Влада. Тие ќе се сретнат изутринава во Брисел за да го започнат процесот на „раскинување на 44-годишниот брак“.
Според дипломатски извори, во текот на првата рунда од преговорите фокусот ќе биде на прашања поврзани за правата на граѓаните, финансиски договоери, Северна Ирска.
Британскиот секретаријат за Брегзит соопшти претходно дека се очекува двете фази од преговорите да бидат усогласени, а дека најмногу ќе се разговара за прашања поврзани со самото излегување на Британија од ЕУ и нејзините финансиски обврски.
Првата фаза од преговорите ќе биде посветена на постигнување на договор за три приоритети за 27-те други земји од ЕУ кои се однесуваат на судбината на европските граѓани, кои живеат во Велика Британија и на Британците кои живеат во ЕУ, прашањето за ирската граница и решавањето на финансиските прашања, односно покривање од страна на Лондон на сите финансиски обврски, што ги има кон Унијата.
Дваесет и седумте земји од ЕУ побараа преговорите да се фокусираат прво врз овие три клучни прашањеа во насока на добро организирано и мирно излегување на Велика Британија од Унијата, додека Лондон сакаше од самиот почеток да се водат паралелни преговори за идните односи со ЕУ.
Се очекува Велика Британија да ја напушпти Унијата на крајот на март 2019 година, две години откако на 29 март премиерката Тереза Меј ја активира постапката за напуштање.
Мишел Барние сака првата фаза да заврши меѓу октомври и декември. Ако во овој период 27-те земји-членки проценат дека постои доволен напредок, тие ќе се согласат да започнат паралелни преговори за односите со Лондон по Брегзит.
Барние се надева исто така и дека до октомври 2018 година ќе биде финализиран договорот за заминувањето на Велика Британија и за рамката на идните односи на Лондон со Унијата.
Преговорите за Брегзит се очекува да бидат усложнети од неочекуваната загуба на парламетарното мнозинство на премиерот Тереза Меј на изборите минатата недела.
Во меѓувреме британската Влада соопшти дека Парламентот ќе одржи ретка двегодишна законодавна сесија, посветена на сложени прашања околу излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Парламентарната сесија вообичаено трае една година, при што почнува и завршува во текот на пролетта. Сега Владата двојно го зголемува нејзиното траење за да им даде можност на пратениците да дискутираат без прекин за излезот на земјата од ЕУ.
Велика Британија официјално соопшти дека ја напушта ЕУ кон крајот на март, што значи дека процесот треба за заврши во март 2019 година.
- Брегзит ќе бара обемно законодавство, посочи лидерот на Долниот дом на Парламентот, Андреа Ледсом.
Плановите на Владата за активностите на Парламентот ќе бидат изнесени во говорот на кралицата Елизабета в среда.
На 23 јуни минатата година Британците со околу 52 отсто го поддржаа напуштањето на земјата од ЕУ. ац/сп/08:01
Ново на Сител
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска