Почнува замената на старите водомери во Општина Карпош
Од оваа сабота во Жданец и Трнодол во Општина Карпош почнува замената на куќните водомери.
– Старите водомери ќе се заменат со нови, вертикални и повеќемлазни, со радио модул, а ќе се заменат и старите, хоризонтални водомери со нови, хоризонтални, ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, соопштуваат од прес-службата на општината.
Со новите водомери, се вели во соопштението, податоците ќе се читаат автоматски, без обврска инкасаторите да влегуваат во домаќинствата на граѓаните.
– Исто така, водомерите се многу попрецизни од досегашните, кои се застарени и не толку прецизно го читаат протокот на вода. На овој начин, се вели во соопштението, ќе се овозможат поточни сметки за потрошувачката на вода и граѓаните ќе добиваат поквалитетна услуга.
Со овој проект се опфаќаат околу 500 домаќинства, а за истиот, преку Министерството за транспорт и врски, е добиен грант од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат