Почна реконструкцијата на штипската улица „Петта Партиска“
Во Штип денеска почна реконструкција на улицата „Петта Партиска“. Градоначалникот на општината, Благој Бочварски, кој денеска беше на увид во градежните работи вели дека граѓаните десетина години наназад барале да се реконструира оваа улица, која како што рече навистина се наоѓа во очајна состојба.
- Ова е една од улиците за кои се бараше целосна реконструкција, бидејќи целосно беше оштетена. Се работи за 4.200 метри квадратни нов асфалтен слој којшто ќе биде поставен во вредност од нешто над еден милион денари, инвестиција на Општина Штип. Ова е само една од улиците во населба Сењак што ќе биде реконструирана. Во наредните денови ќе продолжиме со улицата „Ѓорги Петров“. Многу е важно средствата кои ги прибираме од граѓаните преку плаќањето на даноците и преку сите други давачки да ги насочуваме кон вистинските цели и вистинските потреби на граѓаните, рече Бочварски.
Изминатиот период беа асфалтирани и рехабилитирани и улиците „Иво Лола Рибар“ и „Крушевска Република“, а во периодот кој претстои ќе биде рехабилитирана и улицата „Ѓорги Петров“ во населбата Сењак. Во меѓувреме, беше бетониран крак на „Радански Пат“, како и крак на улицата „Кирил Пејчиновиќ“.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ