Почина вирологот Лик Монтање, нобеловецот кој го откри ХИВ
Францускиот виролог Лик Монтање, кој во 2008 година ја доби Нобеловата награда за истражување на вирусот ХИВ, почина денеска во Париз.
Монтање ја доби Нобеловата награда за медицина за откривање на вирусот ХИВ со група научници, а за време на пандемијата на коронавирусот беше отворен противник на вакцините и тврдеше дека Ковид-19 е создаден во кинеска лабораторија.
За време на својата кариера бил директор на Светската фондација за истражување и превенција на СИДА во Париз.
Во годините пред почетокот на епидемијата на СИДА, тој направи значајни откритија за природата на вирусите и придонесе да се сфати како тие можат да ги променат генетските информации на организмите домаќини.
Неговото истражување за интерферон го отвори патот за откривање на фармацевтски лекови за вирусни болести.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи