Македонија
8. September 2023 - 13:48

Почина скопјанец откако неговото запрено возило се придвижило и удрило во него

Вчера во 11.00 часот било пријавено дека во с.Патишка Река, скопско, запрено патничко возило „нисан терано“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(63) од истото село, кој бил покрај возилото, се придвижило и удрило во него, соошти МВР.

На местото на несреќата починал Р.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.