Почина првиот човек на Опус Деи
Челникот на Прелатурата на Светиот Крст и Опус Деи, бискупот Хавиер Ечевариа почина во Рим на 84-годишна возраст, потврди за ДПА портпарол на германскиот огранок на оваа организација Хартвиг Буилон.
Ечеварија починал во болница од последици на белодробна инфекција.
Бискупот 22 години беше челник на Опус Деи, кои многумина го сметаат за таинствена католичка органзиација со големо влијание врз политиката и економијата.
Таа прелатура е основана во Шпанија во 1928 година и има нешто повеќе од 90.000 членови ширум светот, најголем дел лаици. Посебно голема традиција има во католичките држави од шпанското говорно подрачје. Со одлука на папата Јован Павле Втори во 1982 година е прогласена за негова лична прелатура и оттогаш членовите им се подредини на бискупите на организацијата, а не на раководителите на географските бискупии во кои живеат.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива