Македонија
14. December 2020 - 12:18

Почина прегазен пешак во Виница

Вчера во 18,00 часот во Виница на ул.„Крушевска Република“, патничко моторно возило „фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, управувано од З.П.(40) од Виница, удрило во пешакот М.Г.(66) од Виница, соопштија од МВР.

По незгодата М.Г. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Виница, каде била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница.