Почина последниот преживеан од првиот конвој испратен во Аушвиц
Казимир Албин, последниот преживеан од првиот конвој испратен во логорот Аушвиц во јуни 1940 година, почина на 96-годишна возраст во Варшава.
– Подоцна во животот Казимир Албин сметаше дека негова најважна должност е да зборува за Аушвиц и неговите убиени затвореници. Пишуваше книги, држеше говори, патуваше и разговараше со млади луѓе во многу земји, изјави потпретседателот на Меѓународниот одбор за Аушвиц, Кристоф Хејбнер.
Тој истакна дека на Албин му било посебно важно неговиот глас да се слушне во Германија.
Албин пристигнал во Аушвиц како 17-годишно момче, а во 1943 година заедно со уште еден логораш успеал да побегне од Аушвиц. Во Краков му се придружил на полското движење за отпор и се борел за ослободување на својата земја и на Аушвиц.
По бегството, неговиот брат кој останал во логорот бил малтретиран.
Многу ретко се случувало бегство од Аушвиц. Од околу 1,3 милиони луѓе испратени во логорот, само 602, вклучувајќи и 45 жени, се обиделе на побегнат. Успеале да побегнат само 144 лица, фатени се 327, а судбината на останатите 331 не е позната.
Ново на Сител
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка