Кошарка
12. јуни 2024 - 19:02

Почина кошаркарската легенда Џери Вест

Легендарниот кошаркар, генерален менаџер и функционер Џери Вест (87) почина во САД.

Џери Вест е еден од највлијателните луѓе во историјата на кошарката, бидејќи беше играч на Лос Анџелес Лејкерс кога тие ја освоија шампионската титула во 1972 година.

Тој е запаметен како единствениот играч во историјата на НБА кој бил МВП на финалињата, а неговиот тим го загубил финалето. Тоа се случи во серијата со Бостон Селтикс во 1969 година.

Како генерален менаџер беше основач на познатите „Шоутајм“ Лејкерс предводени од Меџик Џонсон и Карим Абдул Џабар, потоа го донесе Шекил О’Нил од Орландо во Лејкерс и беше творец на последната династија со три последователни титули.

Тој исто така е силуета за денешното лого на НБА лигата, по тоа и е неговиот прекар „Логото“.