Свет
5. August 2024 - 10:06

Победата на Мадуро на изборите во Венецуела не може да се признае, соопшти ЕУ

Резултатите од претседателските избори во Венецуела, на кои официјално победи претседателот Николас Мадуро, „не можат да бидат признати“, соопшти Советот на ЕУ.

„И покрај тоа што се обврза да го стори тоа, Националниот изборен совет на Венецуела (CNE) се уште не ги објави официјалните протоколи од избирачките места. Поради недостаток на докази за нивно поткрепување, резултатите објавени на 2 август од CNE не можат да бидат признати“ се вели во соопштението.

За разлика од САД и неколку други земји, ЕУ не ја призна победата на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија.