По смртта на мајката почина и бебето на Детската клиника во Скопје
Бебето родено во петокот вечерта на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово, чија 30-годишна мајка почина при породувањето, починало во текот на вчерашниот ден на Детската клиника во Скопје, информира Министерството за здравство.
„Новороденчето починало вчера во текот на денот. Било примено во тешка состојба на Детска клиника во Скопје, со ниски породилни оценки. Она што е успешно е што во Тетово е интубирано со венска линија, направено е сè како што треба, но, за жал, бебето било во многу тешка состојба и починало“, информираат од министерството.
Неговата мајка, жителка на Желино, почина во петокот вечерта, откако била донесена во тетовската болница во состојба кога породувањето било почнато.
Од Клиничка болница – Тетово велат дека жената имала висок притисок и била донесена во тешка состојба. Лекарите констатирале дека породувањето е веќе почнато и било постапено според медицински протокол, но наскоро жената паднала во кома. Лекарите се обиделе да ја реанимираат жената, но тоа било безуспешно.
На родилката тоа ѝ била втора бременост.
На скопската Клиника за гинекологија, ноќта меѓу 21 и 22 септември, починале четири бебиња во инкубатори. И за овој случај комисијата формирана од Министерството за здравство утврдила дека биле запазени медицинските процедури, а новороденчињата била во група со висок ризик.
Ново на Сител
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра
-
Кривична за двајца полицајци за злоупотреба на службената положба
-
Маск предлага амнестија за Зеленски во замена за мирни демократски промени во Украина
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Орбан: Јасно се гледа стратешката разлика во ЕУ по изборите во САД, некои сакаат војна, а некои мир