По два месеци, повторно отворени баровите и рестораните во Австрија
Во Австрија денеска, по точно 60 дена, повторно се отворија кафулињата и рестораните, кои беа привремено затворени поради рестриктивни мерки за борба против ширењето на новиот коронавирус.
Од денеска, угостителските објекти можат да работат од 6 до 23 часот, но со одредени услови, со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Наложено е во кафулињата и рестораните, да има метар оддалеченост помеѓу масите, а растојанието меѓу гостите од еден метар ќе важи и за приколките и киосците кои служат храна.
Покрај тоа, келнерите, односно персоналот кој е во директен контакт со гостите, мора да носат маски или визири. Вработените во кујната и другите кои не се во директен контакт со гостите, се ослободени од обврската да носат маски.
Најмногу четири возрасни и деца кои не се од исто домаќинство можат да седнат на една маса, а во поголем број може да бидат само ако се од исто домаќинство.
Ново на Сител
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово