По барањето од ОЈО Скопје, одложена закажаната расправа за убиството на Вања и Панче
Основниот кривичен суд Скопје го одложи започнувањето на предметот поврзан со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Како што денеска информираа од Кривичниот суд, одлагањето на расправата, што беше закажана за 30 јули, е по барање на Основното јавно обвинителство Скопје кое вчера информираше дека ќе предложи спојување на постапката во која првично беа обвинети Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, со постапката против првоосомничениот Љупчо Палевски за кого истрагата заврши вчера.
- Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 26.07.204 година достави Предлог за одлагање на закажана главна расправа за предметот со К.бр. 1339/24, насрочена на 30.07.2024 година, а поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. Имено, со оглед на фактот дека истрагата против осомничениот Љ.П. е завршена и по истек на законските рокови по известување за завршена истражна постапка, ќе биде изготвено и поднесено обвинение, кое се однесува за истиот кривично – правен настан за кој се води и предметот К.бр. 1339/24 против четворица други обвинети, а воедно се работи и за исти докази, од ОЈО Скопје, согласно чл. 28 од ЗКП ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки, стои во соопштението од Кривичен.
Оттаму дополнуваат дека имајќи го предвид добиениот предлог на Обвинителството, а заради економичност и ефикасност на постапката, судот ги отповикал наредбите за спровод на обвинетите кои издржуваат мерка притвор и мерка куќен притвор, а Судечкиот совет во согласност со одбраната ќе насрочи нов термин за отпочнување на главната расправа за што странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.
Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Од Обвинителството вчера информираа дека е завршена и истрагата за Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство, како и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени