Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
На трета мајка или трета среќа. Дали Прилеп и Битола конечно ќе добијат автопат, чиј почеток на градба до сега беше означуван два пати од Владата на СДСМ. Eднаш во мај 2023 кај ТИРЗ Прилеп, а потоа по втор пат во септември 2023, малку поспектакуларно со минирање.
Но потоа ништо посебно не се случуваше со градбата. Денес по трет пат се изначи стартот на поинтензивна изградба на овој патен правец.
„Ние сме практично пред динамиката која што ја има градежната кмомпанија за да не го кочиме процесот. Отприлика кон крајот на 2027, околу 3 години ќе требаат за да ова се заврши“, рече Христијан Мицкоски, премиер на Р. Македонија.
До Нова Година ќе бил пуштен во употреба експресниот пат Градско – Дреново, а Дреново - Фариш до март 2025.
„Очекувам за некаде сега за околу 3.5 години од Прилеп до главниот град да се патува во едно пријатно возење за 1 час и 10 минути, а од Битола до Скопје за 1 час и 40 минути, што целосно ќе ја промени реалноста во регионот“, додаде Александар Николоски, министер за транспорт и врски.
Сега се отворил фронт за работа од 8 км. со завршена на тој дел целосна експропријација и деминирање на гранати од Прва светска војна.
„Има овде околу 1.300 катастарски парцели кои треба вкупно да бидат експропреирани, а досега се експропреирани 850. Околу 500 хектари треба да се деминираат, деминирани се околу 100 хектари, најдени се 19.500 можни експлозивнио средства“, изјави Коце Трајаноски, директор на ЈПДП.
Беше истакнато дека Коридорот 10Д ќе донесе голем напредок за Пелагонија.
„Ова е потврда за посветената работа на нашите колеги, на тимот на „Бехтел и Енка“ и исто демонстрација на тоа кога имате сериозна компанија, со солидна инвестиција, заинтерисирана за работа во земја каде што е добредојдена. И таа инвестиција ќе значи напредок. Нема зборови кои може да ја заменат актуелната работа и видливиот напредок“, истакна Анџела Агелер, амбасадор на САД во Македонија.
„Овој автопат ќе донесе побезбедна и побрза поврзаност за семејствата и компаниите, а ќе придонесе за социјален и еконоски развој во текот на неогвата градба и потоа. Во иднина ќе го зголемиме нашиот тим и ќе сотвариме повеќе партнерства со со локални субконтрактори и снабдувачи. Соработуваме со локалните економски комори на Прилеп и Битола“, рече Џош Бејкер, конзорциум „Бектел и Енка“.
Од СДСМ пак преку соопштение дека истакнаа дека граѓаните секојдневно биле сведоци тоа како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги промовирале и се фалеле ат со проектите на СДСМ за коридорите. Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка сега станаа историски значајни проекти, слепите тунели кон Бугарија наеднаш прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
Автопатот треба да биде со должина од околу 40км. и да поминува паралелно со сегашната траса на постоечкиот магистрален пат.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар