По 27-ми пат „Охридски староградски средби“
Со големо дефиле на учесниците низ градската чаршија вечерва од 19 часот ќе започне 27-то издание на Охридските староградски средби. Манифестацијата е организирана од Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“, a финансиски е поддржана од Министерството за култура, како активност насочена кон обновување на старите градски музички традиции.
Според најавите, оваа година на староградските средби ќе учествуваат 14 музички групи и тоа градскиот хор при НУЦК „Григор Прличев” од Охрид, младинскиот хор „Македониум“ од Крушево, пеачка група „Сирма Војвода“ од Битола, пеачката група „Далги“ на пензионерите од Охрид и Дебрца, ансамблот „Лазар Софијанов“ од Кратово, Културно-уметничкото друштво „Пензионери“ од Прилеп, староградскиот ансамбл „Лубе Кумбароски“ од Струга, групата „Распеани гевгеличани“, пеачката група „Весела тајфа“ од Богданци, „Охридски мерак“ Вокално-инструменталниот состав „Орнаменти“ од Штип, „Распеани струмичани“, октетот „Марко Цепенков“ од Прилеп и „Чалгиска музика за мерак - Ацо Тасески“.
После дефилето низ центарот на Охрид ансамблите ќе имаат свои настапи на сцената во Големата сала при Центарот за култура, со почеток од 20 часот. Влезот е слободен.
Фестивалот „Охридски староградски средби“ е основан со цел афирмирање на вредностите на староградскиот мелос, но и зачувување на музичките посебности и песни карактеристични за градовите во Македонија кои со децении се препејувале и на тој начин пренесувале низ генерациите.
Првпат „Охридските староградски средби“ беа одржани во 1975 година и манифестацијата традиционално се одржуваше секоја година до 1996 година. После 11-годишен прекин манифестацијата беше обновена, со цел продолжување на богатото охридско културно лето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани