ПМФЛ: Вардар подобар од Струга, ја забележа 500-тата победа во првата лига
Фудбалскиот клуб Вардар минимално со 1:0 славеше над шампионот Струга во меч од 26 коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а со овој триумф, „црвено-црните“ конечно избега од зоната за испаѓање.
Единствениот гол за скопскиот тим го реализираше српскиот интернационалец Ѓуриќ во 73 минута.
Вардарци по овој меч имаат 29 бодови и се на осмото место на табелата.
За Вардар ова беше 500-ти триумф во Првата лига и тоа е првиот тим кој ја надмина оваа бројка.
Резултати од 26.коло од ПМФЛ:
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 1:0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1:1
ТИКВЕШ – АП БРЕРА 3:1
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1:0
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 1:1
Вчера:
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0:0
Табела:
Струга Трим Лум 54 бодови
Шкупи 51
Шкендија 49
Силекс 37
Тиквеш 36
Гостивар 33
Брера Струмица 30
Вардар 29
Работнички 28
Воска Спорт 28
Македонија ЃП 25
Брегалница Штип 25.
Ново на Сител
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД