Плејбој зајачицата во затвор: Чита Библија да не мисли на секс
Плејбој зајачицата Анжи Ву раскажа дека откако заврши во затвор, се свртела кон Бог и Библијата за да му одолее на лезбејското искушение.
Анжи, виетнамската кралица на убавианта и Диџеј, фатена е на аеродромот во Њујорк додека со двегодишната ќерка се обидувала да побегне од Америка во Кина. Обвинета е за киднапирање на дете во Франција, зошто не му ја вратила ќерката на својот пораншен сопруг Французинот Ричард Фроџер, кој има старателство над неа.
Анжи е во затвор последнице три месеци, и тврди дека во апстиненцијата од секс и помага молитвата.
-Овде има многу лезбејки, некои русокоси му се нафрлаа. Засега поарно ми е да читам Библија и сфатив колку сум силна. Мислев дека без секс нема да можам ни да дена, а поминаа три месеци. Го пронајдов Бог и ме спаси, деновите ги минувам молејќи се и читајќи Библија, раскажа таа од притворот во Бруклин каде се наоѓа со уште 100 жени.
Освен што чита Библија, Анжи редовно вежба за да остане витка, но и да биде подготвена за самоодбрана.
-Се обудувам да не заглавам во проблеми. Мислев дека затворот ќе биде многу полош, го гледав тоа само на телевизија, читав за групни силувања и тепачки и се зареков дека ќе се бранам по секоја цена, рече таа.
Не е познато кога убавицата ќе излезе од затвор.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот