Платите во Германија минатата година погодени од пандемијата на Ковид-19
Пандемијата на коронавирусoт ги погоди платите на работниците во Германија во 2020 година, кои првпат се намалија откако државниот Завод за статистика почна да објавува извештаи во 2007 година.
Бруто месечните плати, вклучително и дополнителните исплати, просечно се намалија за нешто повеќе од 0,6 проценти минатата година, соопшти Дестатис, повикувајќи се на прелиминарни податоци.
Тоа е нивниот прв пад од објавувањето на извештаите во 2007 година, забележуваат германските статистичари, потсетувајќи дека номиналните плати се зголемија дури и за време на финансиската криза 2008/2009 година, за скромни 0,2 процента.
Кога ќе се земе предвид растот на потрошувачките цени од околу 0,5 проценти, минатата година реалните плати просечно се намалија за еден процент.
Податоците за 2020 година не ја земаат предвид програмата за субвенционирање на платите воведена од Владата за да се обезбеди егзистенција на работниците кои мораа да останат дома и да ги напуштат работните места поради рестриктивните мерки.
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“