-->
-->
Пијан возач прегазил велосипедист во штипско
-->
80- годишниот С.С. од Штип вчера попладне го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат кај штипското село Аргулица.
Од полицијата информираат дека до несреќата дошло откако штипјанецот В.Д. (51) управувајќи автомобил „Лада Нива“ удрил во С.С. кој управувал со велосипед.
Од добиените повреди С.С. починал на лице место, а смртта била констатирана од екипа од Итна медицинска помош. Врз возачот било извршено алкотестирање кое покажало присуство на 1,60 промили алкохол во крвта.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес. Телото на починатиот е предадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кочани тагува
-
Повредените во стабилна состојба
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани