Македонија
29. August 2015 - 14:18

Пијан велешанец среде црква нападнал полицаец

На 28 август годинава околу 21 часот, во населбата Чашка-Велес, во дворот од црквата „Св.Климент Охридски“, полициски службеници од СВР-Велес при вршење на работи од безбедноста при јавен собир, А.А.(27) од Чашка, во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување. Потоа и нападнал еден полициски службеник, туркајќи го при што му нанел телесни повреди. Од страна на полициски службеник А.А. е приведен во СВР-Велес и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.