Македонија
3. October 2024 - 12:16

Конференција за грижа на менталното здравје на младите

Надлежните министерства се силно ангажирани во заштитата на менталното здравје на учениците и младите. Се врши едукација за препознавање на врсничкото насилство, а службите меѓусебно соработуваат за да се обезбеди квалитетна средина за образование на децата. 

На конференција посветена на грижата за менталното здравје на учениците, во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“ и министерката за образование и заменик министерот за социјала велат дека со интервенции во законските решенија очекуваат намалување на бројот на случаи на врсничко насилство.