Петрески за МИА: Ефектите од зголемувањата на каматната стапка треба допрва да се почувствуваат
Народната банка демонстрираше јасни чекори за стабилизација на инфлациските очекувања и за справување со инфлацијата во среднорочна перспектива, така што ефектите од тие зголемувања на каматната стапка треба допрва да се почувствуваат, бидејќи потребно е одредено време за да се согледаат ефектите, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески во изјава за МИА. коментирајќи ја најновата одлука на централната банка да не ја зголемува основната каматна стапка во услови на инфлација.
Пикот на инфлацијата, вели Петрески, го поминавме во јули и почнувајќи од август, доколку не настане некој нов шок кој сега не може да се предвиди, месечната инфлација значително ќе опадне, а со тоа и годишната, вклучително и како резултат на базниот ефект од лани.
– Во овој период, притисоците врз цените на храната на глобално ниво олабавија, а дополнителен ефект се очекува и од договорот помеѓу Русија и Украина, со посредство на Турција, за извоз на жито. Притисоците кај цените на енергенсите се уште се присутни, но постабилни од претходно. Во такви околности, за очекување е реакцијата на домашната монетарна политика да остане блага, бидејќи ризиците врз растот се уште се изразени, а инфлацијата е доминантно пренесена од глобалните случувања, со стапка која го одразува фактот дека кај нас, храната и енергијата имаат поголем удел во потрошувачката кошница на граѓаните, споредено со земјите од ЕУ и со некои земји од окружувањето, нагласува Петрески.
Тој посочува дека со зголемувањето на основната каматна стапка во четири наврати од април до јули годинава, Народната банка демонстрирала јасни чекори за стабилизација на инфлациските очекувања и за справување со инфлацијата во среднорочна перспектива, а за ефектите е потребно и одредено време за да се согледаат.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори