Петков: Првиот од седумте танкери со течен гас за Бугарија ќе биде растоварен во Грција
Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков го прекина владиниот состанок за да соопшти дека е обезбедено пристаниште во Грција за истовар на првиот од седумте обезбедени танкери со течен гас .
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков пред новинарите во зградата на владата кажа дека услов за добивање на ова количество течен гас во август останува идното Министерство за енергетика да ја обезбеди потребната инфраструктура од Грција и Турција, за да го транспортира гасорт на своја територија.
Петков најави дека со овој договор Бугарија ќе има по еден брод за течен гас од октомври годинава до април следната година. Тој најави дека денеска ќе биде потпишан договор за набавка на течен гас, но тој ќе има можност до 19 август да го потврди новата бугарска Влада.
Според Петков, договорениот гас ќе биде поевтин за 40 долари.
Денешната седница на бугарската Влада во оставка со голема веројатност е последна, бидејќи следната недела се очекува да стапи на функција новата преодна влада, која ќе биде четврта што ќе ја именува претседателот на Бугарија Румен Радев откако стапи на функцијата во 2017 година.
Ново на Сител
-
Гласен текстилец бара да се заштитат работниците кои на високи температури работат на отворено
-
Преглед на вести од светот
-
Втор ден самит во Вашингтон, САД
-
Жителите на Оревоец бараат времена мерка против „Бехтел и Енка“
-
Под контрола пожарот во Делгошти
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со професорот Марјан Ѓуровски
-
Катица Јанева го изгуби правото да работи кај синот, при контрола не била во канцеларијата