Loading Video...
Свет
10. July 2024 - 19:49

Преглед на вести од светот

ШУМСКИ ПОЖАР ВО АТИНА ЗАФАТИ ДВЕ ФАБРИКИ, ОД КОИ ЕДНАТА ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕ

Шумскиот пожар штко ноќеска избувна  во северозпадниот дел на Атина, зафзати две фабрики за пластика и хартија од кои едната целосно изгоре.  Изгореа и неколку автомобили паркикарани во близина.  Пожарот утрово е ставен под контрола а во борбата со огнените јазци учестуваа над 60 пожарникари со 17 возила а помагаа волонтери соопшти грчката противопажарна служба.

 

СТАРМЕР: КИЕВ МОЖЕ ДА ИСТРЕЛА БРИТАНСКИ РАКЕТИ  КОН РУСИЈА

Новиот премиер на Велика Британија, Кир Стармер и  даде зелено светло  на Украина да ги користи британските ракети со долг дострел  Сторм шедоу за да нападне воени цели на територијата на Русија Кремљ оцени дека  тоа е неодговорен потег на Британија кој води кон екслација.

Ова е уште еден апсолутно неодговорен чекор кон ескалација на тензиите и сериозно ескалирање на  ситуацијата. Ќе го следиме ова многу темелно и ќе реагираме соодветно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. .

Не е познато  со колку ракети сторм шедоу располага укрианската војска.

 

ИЗРАЕЛСКАТА АРМИЈА БАРА ОД ЦИВИЛИТЕ ДА ГО НАПУШТАТ   ГРАДОТ ГАЗА

Израелската армија ги повика Палестинците да го напуштат  градот Газа  и да  се упатат кон јужните областите на појасот Газа. На летоците што израелската армија утрово ги фрли над градот Газа се вели дека градот Газа е опасно подрачје на борби и од цивилите се бара да се евакуираат. Во меѓувреме  ЕУ и Германија го осудија  вчерашниот израелски ракетен напад врз училиште во јужниот град Кан Јунис при кој загинаа 29 цивили побраа од Тел Авив да го истражи инцидентот брзо. .  Израелската армија  соопшти дека веке почнале истрага за нападот врз  училиштето.