Свет
30. March 2022 - 8:35

Пет жртви во вооружен напад во близина на Тел Авив

Во вооружен напад за кој се докажа дека е терористички на две места во Бнеи Брак кај Тел Авив, вчера вечерта загинаа пет лица, а едно лице е тешко повредено, јавија израелските медиуми.

Напаѓачот возел мотор и бил „неутрализиран“, се наведува во извештаите.
 
Портпаролот на израелската полиција Ели Леви и градоначалникот на Бнеи Брак, Аврам Рубинштајн, побарале од минувачите да се засолнат и да дозволат брза помош да дојде на местото на нападот.

Околностите на инцидентот сè уште не се јасни.