Ракомет
27. October 2022 - 11:40

Пет од пет за Барселона во ракометната Лига на шампиони

Ракометарите на Барселона ја остварија и петата победа во Лигата на шампионите. Во меч од 5.коло на елитното натпреварување, а во кој беа постигнати голем број на голови, шпанскиот гигант славеше на гостувањето кај Алборг со 39-33 со што го задржа максималниот учинок, 
 
Во дуелот на двете екипи кои на изминатите четири натпревари секогаш беа поразувани, ПИК Сегед го победи Елверум со 30-22.
 
Во оваа Б група денеска на програмата се два дуели. Првиот меѓу Цеље и Килце е во тек, а во вториот од 20:45 часот Нант ќе го пречека германски Кил.
 
Во истиот термин, нашиот репрезентативен голман Никола Митревски со својот тим Порто е домаќин на ГОГ во меч од А групата во која во тек е средбата меѓу Веспрем и Магдебург, а во која вчера ПСЖ како гостин го победи Динамо Букурешт со 36-29, додека ППД Загреб и Висла Плок одиграа без победник 26-26