Пендаровски за Апасиев: Гнида од човек
Тој тип минатата година јавно ја пцуеше Радмила Шекеринска и од прилика знам за каква креатура се работи, каков резон има, но навистина не верував дека може да дојде до ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е една лична болка која не можам да ја разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години. Мислам дека беше крајно нечовечки, пцовката сама за себе, особено да ми пцуеш гроб на почината мајка, тоа е нешто што не се простува“ - ваков беше одговорот на претседателот на државата, Стево Пендаровски на новинарско прашање околу статусот на пратеникот Димитар Апасиев во кој тој го опцу.
- Таква работа, таков јавен став може да каже само човек кој е ушмркан или му фали нешто во главата. Јас навистина мислам дека тој психопат не е со сите штом може вакви работи да постира на социјалните мрежи. Тоа е настан, изјава без преседан во современа Европа. Ви гарантирам дека избран пратеник во ниту еден европски парламент не пцуе починати родители на друг колега политичар. На Балканот тие работи особено ако имаш нешто меѓу нозе ги кажуваш во очи. Тој немаше храброст да ми ги каже во очи, туку се криеше во подрум и зад некоја тастатура и испраќаше пораки. Неговите пораки за сечење, бесење, колење ги испраќа преку фејсбук. Од друга страна што можеш да очекуваш од таква гнида од човек, да ти дојде во очи и да ти го каже тоа бидејќи знае кои се консеквенсите. Не само јас, туку секој нормален човек за починат родител не би му простил и знае што ќе добие во таква ситуација. Преку глава ми е од таквите фејсбук патриоти, големи македонски мажиња кои не туркаат во обратна насока од демократија, додаде Пендаровски.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија