СТАНИЦА 19

Loading Video...

Новата серија од извршните продуценти на „Grey's Anatomy“, „Scandal“ и „How to get away with murder“ следи група храбри пожарникари од противпожарната станица 19. Сите тие, од највисоко до најниско ниво, ги ставаат своите животи на коцка сѐ со цел да помогнат и да ги спасат загрозените граѓани на Сиетл.

Од понеделник до петок на Сител во стандардниот термин за ваков жанр, се дружиме со Енди, Бен, Џек, Вик, Рајан, Тревис, Дин и Маја - новите и бестрашни јунаци на станицата 19. За овие луѓе, не постои одреден период за одмор затоа што неизвесноста ги диктира условите. Следуваат безмислосни битки со пожарите и неверојатни одлуки за спасување на човечки животи преку секојдневните акции на екипата на „Станица 19“.