Пекинг го предупреди Трамп за важноста на политиката за „единствена Кина“
Новата американска администрација треба целосно да ја разбере важноста на политиката за „единствена Кина“, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пекинг, Хуа Чунин.
Доналд Трамп, кој во петокот стапи на должност како претседател на САД, ја наруши децениската практика на Вашингтон и прифати телефонско јавување од тајванската претседателка Цаи Ингвен, која му упати честитки за победата. Веднаш потоа новиот американски претседател даде знак дека политиката за „единствена Кина“ е изложена на преговори.
Кинеската Влада го смета Тајван за своја отцепена провинција, која доколку има потреба ќе биде преземена со сила.
Портпаролот на кинеското МНР истакнал и дека претседателот на Кина, Си Џинпинг испратил телеграма со честитки до Трамп за неговото инаугурирање како претседател на САД.
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно