Пекинг бара од Париз да ги заштити кинеските државјани кои живеат во Франција
По смртта на едно лице при интервенцијата на полицијата, во неделата навечер околу 150 лица демонстрираа пред полицискиот комесаријат на деветнаесеттиот арондисман на Париз, собир кој заврши со судири и официјално барање од Кина до Франција подобро да ги заштити своите граѓани, јавува дописникот на МИА.
Кина ја повика Франција за подобра заштита „на безбедноста и правата" на своите државјани. Ова барање, направено изутринава од страна на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, се случи еден ден по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во северниот дел на францускиот главен град. Пекинг официјално протестираше до француските власти и побара Париз „целосно да го расветли овој случај“.
Еден ден претходно, полицијата уапси 35 лица за време на протестот одржан по смртта на едно лице од кинеско потекло при интервенцијата на полицијата од деветнаесеттиот арондисман. Протестот започна мирно, но неочекувано околу 22 часот избија тензии, при што се повредени полицајци и е запален полициски автомобил.
Демонстрантите се собраа да побараат расветлување на смртта на Шаојо Лиу, кој беше убиен од полицијата која беше повикана да интервенира при семејна расправија.
Полицијата тврди дека дејствувала во самоодбрана, односно дека „по отворањето на вратата“, лицето нападнало еден од полицајците, при што бил повреден со ладно оружје. Еден од неговите колеги отворил оган за да го заштити, при што смртно беше повреден напаѓачот.
Семејството го тврди спротивното, односно дека немало семејна расправа и дека полцијата насила ја отворила вратата, дека убиеното лице воопшто не ја нападнал полицијата и дека полицајците стрелале без предупредување.
Според префектурата, „полицијата ја потврди својата подготвеност да прими делегација на членови на азиската заедница со цел да одговори на прашања во врска со инцидентот“. До средбата не дошло. Семејството на убиенот ќе биде сослушано од страна на Генералниот инспекторат на Националната полиција ,на кој и е доверена истрагата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот