Џет-Сет
26. August 2017 - 11:57

Пејачката Симона гламурозна и секси на својата свршувачка

Поп-пејачката Симона Попоска неодамна и официјално му ја вети својата љубов на саканиот Кристијан.

На луксузната свршувачка која се случи покрај Охридското езеро, Симона носеше гламурозен фустан, кој како што и самата напиша е чудото за кое од секогаш сонувала.

Од напред кус, а од задниот дел долг свечен фустан. Нејзиното тело доведено до совршенство беше истакнато во оваа креација.

Фотографиите ги објави нејзиниот фотограф Златко Јовановски.