Педофил осуден на 22 доживотни казни затвор откако ја признал вината за 71 дело
Триесетгодишниот Ричард Хакл осуден е на 22 доживотни казни затвор откако ја признал вината за 71 дело на злоставување деца во Малезија. Британецот признал дека злоставувал деца на возраст од шест месеци до 12 години во период од 2006. до 2014. година.
Судот во Лондон го осуди на 22 доживотни казни, па во затвор ќе мора да помине најмалку 23 години, јавува Би Би Си.
Се верува дека Хакл сексуално искористил 200 деца од сиромашни семејства во Куала Лумпур. Тој се претставувал како христијански мисионер и прв пат ја посетил Малезија кога имал 18 или 19 години.
Инспекторите кај него пронашле повеќе од 200.000 фотографии и видео снимки од сексуалните злоупотреби на децата кои Хакл ги дистрибуирал на педофилите ширум светот преку сајтови на таканаречениот „црн интернет“.
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ