-->
-->
Патрушев ги обвини САД за планирање кибер напади во Русија
-->
Секретарот на рускиот совет за безбедност Николај Патрушев денеска ги обвини САД дека планираат кибер напади врз руската „критична информациска инфраструктура“, јавија руските државни медиуми, цитирани од британските медиуми.
Патрушев изјави дека Кибер-командата на Пентагон, Агенцијата за национална безбедност и Кооперативниот центар на НАТО за вонредна кибер-одбрана, со седиште во Естонија, ги планирале и ги режирале нападите „под украинско знаме“.
Тврдењата на Патрушев, кој присуствува на самитот на БРИКС во Јужна Африка, ги објави владината „Росискаја газета“.
Според весникот, Патрушев наведе дека „украинските хакерски групи се активно вклучени во слични напади на американските специјални служби“, пренесе Тасс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина