Партијата на пензионери на локалните избори ќе учествува во коалицијата предводена од СДСМ
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, на 16.07.2021 година, во Скопје одржа седница на Главен одбор и СОБРАНИЕ на ПП, на кои, покрај статутарни обврски, се разработени прашања и донесени одлуки во врска со локалните избори во РС Македонија, кои ќе се одржат октомври 2021 година.
Донесена е одлука на локално ниво да се интензивираат активностите за реализирање на клучните цели од Програмата за работа на ПП, која е платформа за политичко дејствување на партијата во период 2020 – 2030 година, со акцент на прашања кои се однесуваат на економско-социјалната положба, стандардот и правата на пензионерите.
Потенцирана е потребата од дефинирање на перспективите, во рамки на коалицијата, за остварување на заложбите за подобрување на сегашниото законско решение за усогласување на пензиите, со додавање на основот истите, во определен сооднос, да го следат и порастот на платите во земјата, за што ПП веќе поведе иницијатива.
ПП го реафирмира слоганот „човекот е на прво место“ и своите политики за достоинствена старост и пензии, за подобро здравство и здравје, за солидарно општество, за образованието, младите и за животната средина.
Усвоен е извештајот за работењето на ПП, во период до одржувањето на седницата на Собранието, поднесен од Претседателот г-дин Илија Николовски.
Собранието на ПП утврдувајќи ги критериумите кои треба да ги исполнуваат кандидатите на партијата на локални избори, ја потврди Одлуката на ИО и ГО на претстојните локални избори, кои ќе се одржат во октомври 2021 година, Партијата на пензионери, на рамноправна основа, да учествува во коалицијата предводена од СДСМ.
Ваквата одлука, покрај досегашната плодотворна соработка, се темели и на фактот дека определбите од Програма на СДСМ, кои се однесуваат на прашања од доменот на пензионерските политики, имаат најголема компатибилност со Програмата и решенија кои, во таа свера, ги нуди ПП.
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ
Ново на Сител
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија
-
Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура
-
Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа
-
Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник и постар советник во правниот тим на Белата куќа
-
Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле
-
Млад гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче
-
Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Буково