Панел дискусија за локалниот рурален развој во Македонија
Панел дискусија за иднината на локалниот рурален развој во Македонија и операционализација на мерката за рурален развој на Европската унија „Врски меѓу руралната економија и развојните активности” ЛЕАДЕР, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Асоцијацијата за иновации во руралната економија.
Целта на дискусијата е создавање на план за понатамошно финансирање на руралниот развој преку локални граѓански организации, односно Локални акциски групи, во рамки на мерката ЛЕАДЕР на Европската унија.
На дискусијата, како што најавуваат организаторите, се очекува да учествуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заменик амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан, директорката за инфраструктура, земјоделство и социјална политика при делегацијата на ЕУ, Вирве Вимпари и претставници од Локални акциски групи од неколку рурални општини.
ЛЕАДЕР мерката е насочена кон создавање на работни места и подобрување на животните стандарди во руралните заедници и функционира преку регионален пристап, раководен од формализирани јавно-приватни партнерства наречени Локални акциски групи
Ново на Сител
-
Судски формираше комисија која ќе ги испитува претходните постапки за Васил Јованов
-
Обвинителството прибира докази за сообраќајката во која загина Фросина
-
Мицкоски: Владата ќе им врати 50 милиони евра на компаниите за солидарен данок
-
Во Прилеп започна промената на водоводната мрежа во центарот на градот
-
Стартува проектот за изградба на најголемиот ветерен парк на западен балкан
-
Охрид ќе добие катна гаража и нов плоштад
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра