Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев
Обвинетиот Влатко Кешишев за случајот со убиствата на Вања и Панче денеска одговараше на прашања на јавниот обвинител кои се фокусираа на комуникациите со сообвинетите, мотивите и свесноста на обвинетиот за сериозноста на ситуацијата. Кешишев призна дека бил под влијание на Љупчо Палевски, но тврди дека не бил целосно свесен за своите дејствија.
Прашан дали е логично, ако не оделе да убиваат некого да го остават телефонот во Скопје за да не се открие нивното движење, тој одговори дека имале мотороли и како што рече, „никој никогаш не правеше муабет за убиства“.
Прашан дали му било логично откако се вратиле другите да не разговараат ништо и да не праша што се случило со телото на лицето, одговори дека не знае. -Не знам дали е логично ,но никој не разговараше. Кога стигнавме во штабот направив кафе и сокови и тогаш се напомена дека е убиен, рече тој.
Во однос на прашањето дека од негова страна немало никаква реакција дека се случило убиство на 22.11.2024 во Велес, одговори дека не пријавил никаде бидејќи, како што рече „прво бев збунет, потоа не можев да го напуштам штабот“.
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. На изминатото рочиште беше сослушуван обвинетиот Боре Видевс
На прашањето од обвинителката дека во неговиот мобилен телефон Љупчо Палевски е мемориран како „Царот“, односно дали тоа значи дека слуша сѐ што ќе му каже и нареди Љупчо Палевски, Кешишев одговори потврдно.
Согласно вештачењето, праша обвинителката, вие сте здрава личност, дали тоа значи дека свесно и доброволно сте ги презеле сите дејствија? -Не баш свесно, по навика што му бев послушен бидејќи ми кажа да не зборам многу, да ќутам, да седам на страна, ќе бидам на страна, рече тој.
На прашањата дали се бришени комуникациите со Љупчо Палевски и останатите обвинети, одговори дека не ги бришел тој бидејќи не знае како се бришат. Прашан дали му било познато дека учествувал во настан во кој треба да се уништат сите траги, одговори да. -Свесно или не свесно не можев него да го предадам пред сѐ и уште не ми беше јасно што се случи и како, не бев свесен за целата состојба, потенцираше Кешишев.
- Јас не сум човек. Кажа еден лош збор. Штом сум во ова и јас имам учество. Полека се кршеше човекот... Кажа дека оделе со Палчо во Бразда за некој објект што го градел. Реков, ќе не однесеш
Тој посочи дека сѐ што се гледа на сликите од обвинителството е точно.
Прашањата околу конкретни детали за убиството на Вања не ги одговори, посочувајќи дека не видел.
Откако обвинителството заврши со прашањата, судењето продолжи со читање на исказот на Кешишев од страна на судијата Ивица Стефановски, со цел обвинетиот Љупчо Палевски, кој претходно беше отстранет од судењето поради сомневање за влијание на исказот на Кешишев, да се запознае со исказот. Потоа прашања треба да поставува одбраната на обвинетите.
Кешишев, претходно изјави дека Панче и Вања прв пат ги видел по објавите на Фејсбук за нивното исчезнување. Тој денеска сведочеше за нивните грабнувања при што според неговите одговори за истите во главно имал улога да чува стража.
Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура