Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот за здравство, кој формираше стручна комисија за да ги испита сите детали за починатиот пациент на Државна кардиохирургија, Т.А. од Скопје. Пациентот бил примен и со одлука на лекарите било одлучено конзервативно да се лекува, а не да се оперира, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање на прес-конференција.
Вели дека за жал не знае што се случило и зошто настапила смрт кај пациентот и зошто семејството не дозволило да се изврши обдукција.
-Да беше направена обдукција ќе се знаеше, бидејќи е констатирано дека имал и други здравствени проблеми, не е само аневризма на аортата, рече Таравари.
Прашан за набавката на апаратот за ангиографија Кардиохирургија и зошто досега не бил ставен во функција, министерот рече дека секогаш се бара од клиниките да посочат какав апарат бараат.
-Одлучиле да набават апарат кој е и компјутерска томографија и ангиограф и вистина е дека побарале да се постави на шини за да биде посигурен и со тоа подобро сме со осигурале за да не биде за 2 или 3 тони колку што тежи. Точно не знам и сега тоа е направено и апаратот веќе е инсталиран, истакна Таравари.
Тој рече дека не сака да зборува за приватните болници кадешто евентуално требало да биде однесен сега починатиот пациент и како што рече Таравари било разговарано со нив, но пациентот имал и друг здравствен проблем.
И директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски очекува Стручната комисија да ги испита сите детали за овој случај.
Инаку, вчера Таравари изјави дека за починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување.
Ново на Сител
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
-
Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје