Пакистан: Властите најавија блокирање на мобилните телефони на оние кои не сакаат да се вакцинираат
Луѓето во најнаселената провинција во Пакистан ги преплавија центрите за вакцинација против Ковид-19 неколку дена откако властите во Пенџаб се заканија дека ќе ја блокираат услугата за мобилни телефони за оние кои одбиваат да се вакцинираат.
Пакистанските власти пред неколку дена им се заканија на граѓаните дека ќе им забранат да користат мобилни телефони доколку не се вакцинираат против коронавирус. Претходно се одржа состанок на здравствените власти во најнаселената провинција Пенџаб во Пакистан, со кој претседаваше министерот за здравство Јасмин Рашид, на кој беше заклучено дека вакцинацијата мора да се забрза. Сепак не беше соопштено од кога би се спроведувала таквата мерка.
По првичниот план за вакцинирање на повеќето од 67 милиони жители на Пенџаб до крајот на годината, владата успева да вакцинира само 52.000 луѓе на ден. Многумина сметаат дека причина за тоа е слабата информираност на Пакистанците за важноста на вакцината или загриженоста за можни несакани ефекти, наведува РТЛ.
Сега владата отиде чекор понатаму и се закани дека ќе ги конфискува мобилните телефони од сите оние кои не се вакцинираат, односно ќе ги исклучат услугите за мобилна телефонија. Повеќето Пакистанци имаат пристап до Интернет пред се преку мобилни телефони затоа што не поседуваат лаптопи или компјутери, што значи дека е можно да завршат во своевидна информативна изолација.
Во изминатото деноноќие во Пакистан се регистрирани 27 смртни случаи, 991 новозаразени и 1.282 оздравени лица.
Ново на Сител
-
Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан
-
Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ против полициски служеник во Струмица
-
Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба
-
Пожарникари со пет противпожарни возила гаснат опожарени отпад и сува трева кај Кванташки пазар
-
ЦУК информира за штетите предизвикани од невремето кое го зафати попладнево Скопје – паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери
-
Владата одлучи - ќе се враќа оградата околу владината зграда
-
Владата именува нови директори на неколку државни институции
-
Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство