Пакети со облека за бездомниците во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток
Седумдесет новогодишни пакети со облека денеска ќе им бидат поделени на бездомниците во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток.
Како што информираат од Црвениот крст, работењето на пунктот за бездомници е поддржано од Град Скопје и веќе 11 години нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом, а има цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.
Секоја среда и петок бездомните лица добиваат хигиенски услуги (бањање, шишање, бричење), чиста облека, можност да се испере старата облека, храна, прегледи од лекар и бесплатни лекови според потребите, психосоцијална поддршка, услуги од социјален работник (вадење документи и поддршка за обезбедување услуги од системот на социјална заштита).
Преку пунктот корисниците секоја зима добиваат топла облека, обувки, ќебиња, вреќи за спиење, а според потребите се отвора и привременото преноќувалиште, посочуваат од Црвениот крст.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат нафтените деривати од полноќ
-
70-годишен дедо два месеци силувал 13-годишно дете
-
Малолетник со остар предмет се заканувал на друг малолетник во Скопје
-
Кривична пријава против градоначалникот на Струга поради незаконско назначување директор на училиште
-
Откриени илегални мигранти во две возила управувани од турски државјани
-
Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности
-
Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег
-
Сомневањата за вмешаноста на таткото на Вања првично потекнаа од изјавите на Велибор и Боре, изјави сведок на судењето