Пакетчиња со поминат рок
Во новогодишните пакетчиња за деца пронајдени производи со поминат рок или со краток рок на траење. Агенцијата за храна и ветеринарство направила вонредна контрола кај 62 пакетчиња, при што било утврдено дека кај 4 оператори имало чоколада, бисквити, чоколадни млека и сокчиња со поминат рок или со рок на трање до декември, односно до крајот на овој месец.
На трговците кои продавале вакви пакетчиња им е наредено да ги повлечат од промет и да ги унишатат. Истите заработиле и прекршочни пријави.
Исто така, при контролите се најдени и производи кои иако имале уреден рок на траење, кај нив е регистрирана е промена на бојата, мирисот или изгледот.
Од АХВ најавуваат засилени контроли и во наредните денови, а до граѓаните апелираат да купуваат храна од маркетите каде се контролира квалитетот на храната.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија